Финансиска писменост е знаење, кое опфаќа вештини и ставови кои овозможуваат на човекот да носи добри одлуки при управување со парите односно личниот буџет, што подразбира заработка , трошење, штедење, управување и инвестирање на пари.
Финансиската писменост води до финансиска мудрост, односно до способност за управување со парите, не е важно само да се има пари, туку можеби поважна е способноста за нивно користење односно управување со што би носеле паметни одлуки сега и во иднина.
За жал финансиската писменост скоро да не е воопшто застапена во образовниот систем во Македонија. Нивото на финансиска писменост на населението е на многу ниско ниво. Од страна на Народна банка на Република Македонија има издадено прирачник и брошури за подигање на свеста за финасиска писменост но за жал во многу мал број примероци.
Од страна на издавачките куќи има отпечатено неколку книги на македонски јазик на тема финансиска писменост од кој би ја издвоил “Богат татко, сиромашен татко” од авторот Роберт Киосаки како и книгата “Дали финансиите се навистина (такво) страшило” од авторите Хелена Кодрич Мори и Смиљан Мори, кои јас ви ги препорачувам.
Прв чекор на патот кон финансиска писменост е превземање на финансиска одговорност. Под финансиска одговорност се подразбираат неколку постапки односно чекори. Тие се:
-краткорочни цели
-долгорочни цели
3. Одредете ги активностите што треба да ги преземете
-направете план на приходи и трошоци
-следете ги приходите и трошоците секој месец
4. Изработка на финансиски план;
5. Спроведување на планот;
Кога се одредуваат цели најбитни се три клучни работи:
- Бидете конкретни-точно одредете што сакате и за колку време. Целите може да
бидат краткорочни( за неколку дена, месеци или година) и долгорочни (пет, десет години ...)
- Бидете реални – бидете сигурни дека вашите цели се остварливи. Ако си поставите недостижни имагинарни цели многу е веројатно дека ќе се разочарате што не сте ги постигнале.
- Запишете ги вашите цели- запишувајќи ги вашите цели и временскиот период кој сте го планирале полесно ќе ги следите чекорите за нивно исполнување. Исто така добро е така напишаните цели да ги поставите на место каде што ќе ги гледате секој ден.
Како би го одредиле најсигурниот и најисправниот правец, детално мора да ја анализирате својата финансиска ситуација, при тоа посебно размислете на следните прашања:
Планирањето на личниот буџет се започнува на следен начин:
- Повремени приходи(хонорари, провизии, наследство, добивки и сл.)
2. Дефинирање на трошоци
-Редовни трошоци(кои се делат на дневни, месечни, годишни),
-Повремени трошоци(кои настануваат повремено, изненадно и неочекувано)
Изработката на планот за личниот буџет можете да го направите на неколку начини. Наједноставен и најлесен начин е да земете еден бел лист и пенкало, со една вертикална линија поделете го листот на средина , лево напишете трошоци десно приходи а најгоре напишете Јануари 2021 год. И веднаш почнете лево да ги внесувате трошоците што сте ги направиле во тековниот месец по ставки и сума а десно внесете ги сумите по ставки од вашите приходи.
Финансиската писменост како што рековме предходно пред се е одговорно и дисциплинирано однесување со парите. За да дојдете до позитивни резултати потребно е одговорно и дисциплинирано да ги внесувате во табелата сите направени трошоци поделени по наведените ставки и исто така сите приходи во тековниот месец.
Финансиската писменост претставува одраз на квалитетот на вашиот живот. Ако имате желба да живеете квалитетен живот треба да станете финансиски писмени.
Овој прирачник е наменет да допринесе за подобрување на вашето финансиско здравје давајќи ги првите темелни чекори кон финансиската писменост а на Вас останува да продолжите со учење и стекнете нови знења а со тоа ја зголемите вашата економска и финансиска сигурност.
Прирачникот можете да го превземете на мојата веб страна www.radeskistojce.com одете во менито и одберете контакт каде се наоѓа формата за превземање.
За повеќе информации следете ја мојата страна на Facebook: Финансиска писменост МК – Стојче Радески

- Проценете ја вашата моментална финансиска состојба

- Кои се вашите потреби?
- Каква е вашата моментална финансиска слика?
- Каков е вашиот однос према парите?
Планирањето на личниот буџет се започнува на следен начин:
- Дефинирање на вашите приходи